Утре неработен ден за сите граѓани на Македонија

По 29 дена пост и духовна посветеност, верниците од исламска веросповед утре го одбележуваат големиот празник Курбан Бајрам, кој се смета за втор најзначаен празник висламот, веднаш по Фитр Бајрам.

Празнувањето започнува со традиционалната Бајрам молитва – Бајрам намаз, кога верниците се собираат во џамиите и упатуваат молитви за мир, здравје и благосостојба.

Во текот на Рамазанскиот пост, верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваа од храна и пијалаци, посветувајќи се на духовно прочистување, хуманост и солидарност.

Карактеристичен обичај за Курбан Бајрам е принесувањето жртва – курбан, како симбол на приближување кон Бога. Најчесто се принесуваат овни или телиња, а месото се дели на сиромашните, роднините и соседите, со што се поттикнува чувството на заедништво и грижа за другите.

Празникот трае три дена и започнува 70 дена по Фитр Бајрам. Тој е тесно поврзан со аџилакот – петтиот столб на исламот, кој ја симболизира верата, пожртвуваноста и единството меѓу верниците.

Првиот ден од празникот односно утре е неработен ден.