Високиот процент на заразени во изминатите 24 часа кој изнесува дури 22,7% ќе се разгледува на утрешната седница наутро која ќе ја одржи Комисијата за заразни болести.
Утре седница ќе одржи и Владата на која на дневен ред ќе се најдат и предлозите кои минатата недела ги испрати токму Комисијата за заразни болести, а тоа се:
- Забрането групирање по 22 часот
- Задолжително носење на маска на отворено
- Ограничување на бројот на гости кои може да дојдат во вашиот дом на четири
Токму последната мерка околу ограничувањето на гостите во домовите е и дискутабилна во јавноста бијдеќи според уставот неповредливоста на домот е загарантирана.
Бидејќи бројот на заразени е многу висок, нема да биде изненадување доколку во текот на утрешниот ден има и нови рестриктивни мерки за кои пак се зборуваше пред неколку денови.
Тоа е ограничување на работата на угостителските објекти до 22 часот, како и намалување на капацитетот на јавниот превоз.
.
