Утре пред владата ќе биде подигнато знамето на НАТО

„Влада на Република Македонија“ денеска го немаше на зградата на Владата. Натписот беше изваден, а додека се чекаат новите да бидат поставени со „Влада на Република Северна Македонија“, утре со почеток во 11 часот ќе биде подигнато знамето на НАТО, одбележувајќи го, притоа, престојното членство на нашата земја во Алијансата.

„Ве информираме дека во вторник 12.02.2019 година, со почеток во 11:00 часот пред платото на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод подигнување на знамето на НАТО пред Владата на Република Македонија која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија.“, се вели во соопштението на Владата.

Свое обраќање пред платото ќе има и премиерот Зоран Заев.

 

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното