Македонија

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје известува дека утре ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Авионското прскање против ларви од комарци ќе се реализира во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира, во текот на денот.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни