Утринава демолирани шест возила на УБК на паркингот кај МТВ

Утринава во МРВ е пријавено дека на шест возила сопственост на УБК, им се искршени стаклата. МВР веднаш излегла на терен и направила записник, при што се трага по сторителите. Настанот го потврдија и од полицијата.

„Денеска во 08.05 часот пријавено е дека на паркингот кај МТВ искршени
се стакла на шест возила сопственост на УБК и едно возило сопственост
на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам.Се преземаат мерки
и активности за расчистување на случајот“, истакнаа од МВР за ТВ21.

Извор: ТВ21