Македонија

Утринава најстудено на Попова Шапка – најмногу снег во Маврови Анови

Утринава најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -3 степени.

По Шапка следуваат и -1 Скопје-Петровец, 0 Битола, Претор, Kрушево, 1 Охрид, Прилеп, 2 Тетово, Берово, Крива Паланка, Дебар, 3 Скопје-Зајчев Рид, 4 Куманово, Штип, 5 Струмица, Виница, Демир Капија, 9 Дојран, Гевгелија.

Најмногу снех има на Маврови Анови – 26 сантиметри, додека пак на Попова Шапка има 25, а во Крушево 6 сантиметри.

Во западните делови со мала до умерена, а на истокот со значителна облачност. Рано претпладне на југоистокот ќе има слаб локален дожд. До крајот на денот облачноста ќе се намали насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје малку до умерено облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни