Свет

Утрово хеликоптер со 22 патници исчезна во Русија

Утрово хеликоптер со 22 патници исчезна во Русија

Хеликоптерот Ми-8 исчезна утрово на Камчатка, на далечниот исток на Русија, соопштија официјални лица, пренесува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на руските медиуми.

Според прелиминарните информации, во авионот имало 22 лица – 19 патници и тројца членови на екипажот, соопшти прес-службата на руската Федерална агенција за воздушен транспорт, а пренесува Интерфакс. Хеликоптерот не слета на својата дестинација во закажаното време, а контактот со леталото е изгубен, додаваат агенциите. Службите за итни случаи за Интерфакс изјавија дека хеликоптерот летал меѓу вулканот Вачкажец и селото Николајевка кога изгубил контакт.

Уште еден хеликоптер Ми-8 полета во потрага по исчезнатиот авион.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни