Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка со -4 степени, каде воедно има и снежна покривка од 41 сантиметар. Со -2 степени се Берово, Лазарополе и Маврови Анови, додека -1 степен е измерен во Крива Паланка.
Нула степени се регистрирани во Крушево, 1 степен во Скопје-Петровец, а 2 степени во Тетово, Виница и Претор. Во Битола, Охрид и Куманово утринската температура изнесува 3 степени, додека 4 степени се измерени во Струмица, Демир Капија и Штип. Во Прилеп и Велес се измерени 5 степени, во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци 6, а најтопло утрово е во Гевгелија со 10 степени.
Според прогнозата, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Максималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 18 степени.
