Македонија

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени

Утринава во земјава се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка со -4 степени. Минусни температури се регистрирани и во Лазарополе (-2) и Маврови Анови, како и во Крушево со -1 степен.

Температури околу нулата и нешто повисоки се измерени во Берово (1 степен), Претор (3), Крива Паланка и Битола (4), Прилеп и Охрид (5), како и во Виница, Куманово, Демир Капија и Тетово со 6 степени. Во главниот град, на Зајчев Рид се измерени 7 степени, додека во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Гевгелија утринската температура достигна до 8 степени.

Снежна покривка има на Попова Шапка, каде се измерени 60 сантиметри снег, додека во Крушево има 1 сантиметар.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, со повремени слаби врнежи од дожд во западните делови од земјата, а на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а наместа и засилен ветер од североисточен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни