Македонија

Утрово најстудено во Берово, измерен -1 степен

Утрово најстудено во Берово, измерен -1 степен

По свежото утро, денеска следува сончев ден со дневни температури кои на одделни места ќе достигнат до 26 степени Целзиусови. Утринските мерења покажуваат дека најниска температура е регистрирана во Берово, каде термометрите покажале минус еден степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Битола утрово се измерени 2 степени, во Струмица 3, додека во Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка и Маврови Анови температурата изнесува 4 степени.

На Попова Шапка, во Велес, Штип, Куманово, Прилеп и Претор се измерени 5 степени. Во Охрид, Гевгелија, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид температурата е 6 степени, во Крушево 7, а во Виница 8 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 20 до 26 степени.

Во Скопје се очекува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец и максимална температура до 25 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни