Вчера околу 23 часот во полицијата во Загреб било пријавено пронајдено новороденче во канта за отпадоци.
Шефот на Одделот за неонатологија во болницата Свети Дух, Ребека Рибичиќ за медиумите потврди дека новороденчето е во добра здравствена состојба и моментално е на одделението за интензивна нега.
„Станува збор за момче кое во моментот на неговото откритие имало само час или два. Кај момчето не биле констатирани траги од надворешни повреди, а крвта која била на детето била мајчина крв од породување. Момчето се третира како и секое новороденче, со зголемени мерки на претпазливост, бидејќи сепак се работи за специфични состојби на почетокот на животот“, рече Рибичиќ.
Полицијата ја продолжува кривичната истрага поврзана со откривањето на новороденчето и тој настан го квалификува како тешко убиство во обид.
Марија Гоати, портпарол на полициската управа во Загреб (ПУЗ) истакна дека се сомневаат за тешко убиство во обид.
„Бидејќи се работи за новороденче кое поради возраста припаѓа на ранлива група, полицијата се сомнева дека е извршено кривично дело тешко убиство во обид“, вели Гоати, додавајќи дека целта на полицијата е да ги утврди сите околности на настанот, бидејќи како и идентитетот на родителите на новороденчето.
Гоати истакна дека кривичната истрага сега е во чувствителна фаза бидејќи полицијата ги собира сите релевантни информации и гледа каде води нивното сомневање. Таа ги повика граѓаните доколку имаат информации за околностите на настанот да се обратат во полиција на бројот 192.
Зборувајќи за пронаоѓањето на детето, Гоати истакна дека новороденчето го пронашле 17-годишник и 18-годишник кои се враќале од тренинг и дека со брзата и квалитетна реакција му го спасиле животот.
Таа тврди дека ПУЗ е 100% ефикасен кога станува збор за кривични дела убиство и тешко убиство.
„И во овој случај нашата професионалност оди во насока на потрага по причината и околностите под кои се случил настанот и кој сите учествувале во него“, забележува Гоати.