Свет

Ужас во Холандија: Браќа ја врзале сестра си и ја фрлиле жива во мочуриште поради нејзиното „западно“ однесување

Ужас во Холандија: Браќа ја врзале сестра си и ја фрлиле жива во мочуриште поради нејзиното „западно“ однесување

Осумнаесетгодишно девојче било врзано и фрлено живо во мочуриште, каде што починало во наводно „убиство од чест“ откако нејзиното „западно однесување“ го засрамило семејство, објави обвинителството во Холандија, цитирано од „Де Телеграф“.

Браќата на Рајан Ал-Наџар – 23-годишниот Мохамед и 25-годишниот Муханад Ал-Наџар – веќе се обвинети за убиство, додека нивниот татко – идентификуван како „мозокот“ на злосторството – успеал да избега во Сирија, од каде што е семејството.

Рајан беше пронајдена со рацете врзани зад грб, со затнат зафат на устата и потопена во вода во мочурлива област во близина на Лелистад – околу 80 километри од Амстердам.

Таткото, Халед, ќе биде суден во отсуство. Рајан исчезна на 22 мај 2024 година, а минувач го откри нејзиното тело на 28 мај. Истражителите ја пронајдоа ДНК-та на таткото под нејзините нокти, што укажува дека девојчето се бранело.

Според канцеларијата на холандскиот обвинител, мотивот за убиството бил тоа што Рајан имала момче и се однесувала на начин што нејзиното семејство го сметало за „премногу западен“ и „срамен“.

Државното обвинителство официјално го класифицираше случајот како „убиство од чест“.

Судењето на браќата започна на 27 ноември 2025 година, а на суд тие негираат вмешаност во злосторството. Тие тврдат дека нивниот татко го извршил убиството сам.

Халед дури испратил и два имејла до истражителите во кои ја преземал целосната одговорност и инсистирал дека неговите синови се невини. Сепак, обвинителството верува во спротивното – дека таткото им наредил на своите синови да ја киднапираат нивната сестра, да ја однесат на затскриено место и да ја фрлат во водата за да не може да отплива. Според обвинителството, браќата го спровеле планот, знаејќи дека станува збор за убиство со умисла.

Пред нејзината смрт, Рајан била под полициски надзор и имала заштита, но таа била прекината пред убиството. Не е јасно зошто заштитата била укината.

Браќата беа уапсени кратко откако беше пронајдено телото и оттогаш се во притвор. Потрагата по таткото продолжува. Според истрагата, Халед веројатно живее во северна Сирија и можеби дури и се преженил по убиството.

Холандското Министерство за правда вели дека земјата нема механизам да побара негово враќање бидејќи судскиот систем на Сирија не функционира за таква соработка. Сепак, сириската страна тврди спротивното – министерот за правда Мазар ал-Вајс вели дека системот функционира и дека земјата е подготвена да соработува, нагласувајќи дека никогаш не е примена никаква тужба во овој случај од Холандија.

Адвокатите на браќата побараа нивно ослободување до почетокот на судењето, но судот пресуди дека тие ќе останат во притвор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни