Првиот човек на Финансиска полиција Арафат Муареми со својот стручен тим ги пишува кривичните пријави против обвинителките Вилма Рускоска како и Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска и тие ќе им бидaт поднесени во понеделник, информираат за ТВ21 од кабинетот на Муареми.
Пријавата, како што велат оттаму, се однесува на злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа.
Муареми и јавно ја повика Рускоска доколку има некакви докази против него да покрене обвинителен акт. Улогата на еден јавен обвинител најмалку од се е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информации со јавноста за таа да суди кој е криминалец, туку криминалот се докажува во рамки на институциите, преку писмена реакција и порача Муареми.
„Нашата постапка пред надлежните институции ќе продолжи преку сите законски права и можности за преземање на правните лекови. Уште претходно имам напоменато дека бев свесен дека обвинителката во јавноста ќе го злоупотреби институтот на наводен притисок. Ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна, истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитирајќи ја во целост функцијата која ја извршува“, вели Арафат Муареми.
Извор: ТВ21