В понеделник ќе се знае пресудата на судијката Добрила Кацарска во врска со случајот „Тенк“ на СЈО, односно издвоената постапка каде на шест годишна затворска казна е осудена ексминистерката за Гордана Јанкулоска.
Ако судот и ја потврди казната, според Законот за извршување санкции, Јанкулоска може да бара одлагање на извршувањето поради мајчинството бидејќи нејзиното дете се уште нема наполнето една година.
Предметот „Тенк“ на СЈО се однесува на набавката на луксузниот „Мерцецед“ односно, постапката по која тој е купен.
За овој предмет две годишна заторска казна доби и експремиерот Никола Груевски, но тој не се пријави во затворот во Шутка и моментално како азилант се наоѓа во Будимпешта.