Откако 43 мајмуни избегаа од истражувачки центар во мало гратче во Јужна Каролина во САД, полицијата ги повика жителите да ги заклучат своите домови и во никој случај да не им се приближуваат.
Полицискиот оддел во Јемаси, Јужна Каролина, град со 2.000 жители, на Фејсбук објави дека младите женски макаки резус избегале во средата.
Во потрагата по избеганите мајмуни се вклучи и полицијата заедно со вработените во истражувачкиот центар Алфа Џенезис. Таа не објасни како мајмуните избегале. Полицијата вели и дека Алфа Генезис тврди дека овие мајмуни никогаш не биле тестирани, и дека се премногу млади за да бидат носители на болеста.
Досега уловиле само еден мајмун, пренесува KTLA5. Останатите мајмуни се уште се на неколку метри од имотот и скокаат напред-назад преку оградата на зградата, се вели во соопштението на полицијата.
