Живот

Ваква мачка досега не сте виделе

Мачето по име Мидас не е обично младенче – има дополнителен пар уши.

Мачката со четири уши е родена во Анкара, Турција. Таа беше дел од легло од седум мачиња, но беше единствената родена со дополнителен пар уши.

Тој сега има четири месеци и е откриено дека својот физички изглед го должи на мутираниот генетски код.

Една жена по име Канис ја посвоила веднаш штом заклучила дека мачката ќе има проблем да најде дом.

А наводно, како што пренесуваат медиумите, таа на прв поглед се заљубила во мачорот Мида.

Денес, Мида се чини дека се чувствува многу удобно и пријатно во домаќинство кое веќе има два златни ретривери.

Името Мида доаѓа од грчката митологија – кралот Мида имал долги магарешки уши.

Според ветеринарот на ова животно, неговата единствена карактеристика не влијае на слухот или општото здравје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни