Низа санкции за клубови, фудбалери и тренери донесе Дисциплинската комисија за случувањата на натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Највисока казна му е изречена на ФК Вардар. Поради слаба организација, нереди и прекин на натпреварот против ФК Аресими, клубот е казнет со 3.000 евра, а дополнително му е изречена и мерка забрана за присуство на публика на еден домашен натпревар.
Санкции добија и повеќе фудбалери. Габриел Тенелеп од ФК Башкими 1947 е суспендиран на три натпревари, додека Биљал Исени и Бесјан Алију ќе паузираат по два натпревари.
По еден натпревар суспензија доби Методи Максимов од ФК Брегалница 2008, како и Омер Сулејмани од ФК Македонија ЃП 1932. Енис Фазлагиќ од ФК Шкендија Арачиново е суспендиран на два натпревари.
Санкции има и за тренерскиот кадар. Исмаил Ферди од ФК Шкупи 1927 доби забрана за вршење функција на два натпревари, додека на Иван Варадиноски му е изречена забрана за вршење функција во траење од еден месец.
Дисциплинската комисија поведе постапка и против Дурим Хида поради недолично однесување на натпреварот меѓу ФК Скопје и ФК Башкими 1947.
Постапка е поведена и против претставникот на ФК Башкими 1947, Ергин Шерифи, поради вербална расправија и недолично однесување кон судиите на истиот натпревар.
На комет администраторот на ФК Башкими 1947, Бесим Мустафи, му е изречена забрана за вршење функција во траење од еден месец.
Дополнителни суспензии добија Ислами Дрилон од ФК Шкендија, кој нема да настапи на еден натпревар, Рифадов Асан од ФК Детонит Плачковица, кој е суспендиран на два натпревари, како и Мемедоски Бујамин од ФК Влазними Јуниор, со забрана за настап на два натпревари.