Васко Ковачевски нов генерален директор на АД ЕСМ

Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, информираат од компанијата.

Се вчитува...

Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика и на оваа функција доаѓа од местото директор на РЕК Битола, најголемата подружница на АД ЕСМ и најголем производител на електрична енергија во земјава.

Нов директор на РЕК Битола ќе биде назначен од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ. 

Извор: Сител телевизија