Дека не поскапе само сместувањето во Грција, говори и податокот дека патарината на автопатот Игнација одос низ оваа земја од 1 април е зголемена за 33 отсто.
Поточно, корисниците наместо 0,03 евра за километар ќе плаќаат 0,04 евра, а од договорот за концесија се очекува грчката влада да добие околу 1,5 милијарди евра приход, пишуваат грчките портали.
Главниот автопат, кој се протега на 670 километри од западното грчко пристаниште Игуменица до источната грчко-турска граница во Кипои, ќе ги зголеми стапките за 33 отсто, како што претходно беше договорено меѓу грчката влада и концесионерот.
Специјализираниот портал за патување во Грција, Nikana.gr, неодамна објави податоци колку ќе не чини патувањето низ Србија, Македонија и Грција, па се до крајната дестинација.
Ако тргнете од Белград и возите низ Евзони, треба да платите толкава патарина на следните дестинации:
– До Халкидики 25,65 евра;
– До Паралија, Лептокарија и Неи Пори 28,40 евра;
– До Абсорвалта и Врасна 30,15 евра;
– На Тасос 31,25 евра;
– До Лефкада 39,60 евра;
– До Парга (Врахош) 35,95 евра;
– До Крф 35,95 евра.
*Ова се цени за еден правец, забележува Nikana.gr.
Ова се индивидуалните цени на патарините:
– Евзони – Халкидики 2,95 €,
– Евзони – Тасос 8,55 €,
– Евзони – Лефкада 16,90 €,
– Евзони – Парга (Врахос) 13,25 €,
– Евзони – Крф 13,25 €,
– Евзони – Паралија, Лептокарија и Неи Пори 5,70 €,
– Евзони – Аспровалта и Врасна 7,45 €
