Македонија

Вчера пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

На подрачјето на Скопје вчера од страна на СВР биле регистрирани вкупно 10 сообраќајкни незгоди, во кои во пет имало повредени. На полесни повреди се пожалиле пет лица, соопштија од МВР.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 33 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и три технички неисправни возила, 12 нерегистрирани и едно возило за претовар.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување, пет возачи за не користење заштитен шлем,  11  возачи за не носење сигурносен појас и 14 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Шест пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 27 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 58 возила.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни