Во Калифорнија на сила стапува нов закон кој што не дозволува да го тргнете презервативот без согласност од партнерката или партнерот.
Гувернерот Гавин Њусом потпишал предлог закон со кој Калифорнија ќе стане прва сојузна држава која законски ќе го забрани отстранувањето на кондомот без согласност од партнерот(ката) во текот на односот.
Доколку се направи тоа без согласност, ќе се смета за напад.
Овој закон е спроведен поради, како што се вели, бројот на такви инциденти се зголемил во последните неколку дена, а жртви се жени и хомосексуалци. Авторката на предлог-законот се надева дека примерот ќе го следат и другите сојузни држави.
