Свет

Велика Британија: Фризери почнаа да пријавуваат алергии кај клиенти по прележан коронавирус

Фризери од Велика Британија започнаа да пријавуваат реакции кај некои од нивните клиенти, кои претходно прележале коронавирус, објави Би-би-си.

Тие посочуваат дека клиентите имаат нови, сериозни алергиски реакции, како што се осип и црвенило на кожата, по боење на косата, иако и порано ја користеле истата боја.

Здружението за фризери и козметичари од Велика Британија ги предупредуваат вработените од овие професии, да почнат со дополнителни епикутан-тестови или т.н. patch-тестови, со цел да се избегнат можни судски постапки.

Инаку, овој тест се користи за да се докаже подоцнежна реакција на контактни алергени.

Научници од Империјалниот колеџ во Лондон истражуваат дали болеста може „да го репрограмира“ имунолошкиот систем, на сличен начин како некои други болести.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни