Уште 370 руски поединци и ентитети се погодени од санкции на ОК, кои вклучуваат замрзнување на имотот и забрани за патување, јавува Би-Би-Си.
Новите имиња во списокот вклучуваат:
- Дмитриј Медведев – претседател на Русија (2008-2012), премиер (2012-2020) и претседател на Советот за безбедност на Русија (од 2020 година)
- Дмитриј Песков – портпарол на Путин
- Сергеј Шојгу – министер за одбрана
- Марија Захарова – портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија
- Маргарита Симоњан – главен уредник на каналот РТ поддржан од Русија
- Пјотр Авен – ко-основач на најголемата руска инвестициска банка, Алфа-Банка
- Михаил Фридман – олигарх со седиште во Лондон, кој ја основаше Алфа-Банк со Авен
Претходно, Велика Британија ја погоди Русија со трговски ограничувања, вклучително и дополнителни 35% царини за вотка.