Големи немири избија во главниот град на Венецуела еден ден откако претседателот Николас Мадуро изјави дека победил на изборите!
Неколку илјади демонстранти се обидоа да се приближат до претседателската палата во главниот град Каракас, додека полицијата и војската одговорија со солзавец и гумени куршуми. Би-би-си јавува дека на безбедносните сили им се придружиле левичарските паравоени формации кои се судрија со демонстрантите и блокираа многу патишта околу центарот на градот.
Облаци чад од запалените гуми се издигнуваат над Каракас. Демонстрантите, кои претежно се на мотори, користат молотови коктели за време на судирите со полицијата.
Агенцијата РИА наведува дека во близина на претседателската палата се слушнале истрели и дека граѓаните трчале за да се заштитат. Министерот за одбрана Владимир Падрино Лопез на социјалната мрежа Х напиша дека за време на немирите во Венецуела се повредени повеќе од 20 војници, а некои се здобиле со прострелни рани.
Ayer empezó el principio del fin.
¡Bravo Venezuela! 🇻🇪 pic.twitter.com/YE0hRu5JFc
— María Fernanda Cabal (@MariaFdaCabal) July 29, 2024
Главниот аеродром во Каракас засега работи нормално.
Протестите ја зафатија и сојузната држава Ла Гуаира, каде демонстрантите ја урнаа и запалија статуата на поранешниот претседател Уго Чавез на централниот плоштад.
Државниот обвинител Тарек Сааб во понеделникот објави дека сајбер напад насочен кон изборниот систем бил извршен од Северна Македонија и наводно го нарушил процесот на броење гласови за време на претседателските избори одржани викендов. Нападот, наводно, бил поврзан со адвокатот и опозициски активист Лестер Толедо.
Arredores do Hotel Marriott, Caracas. GNB que reprimiu manifestações recebeu uma dose de pátria, saiu a pé, sem moto.
🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣#Venezuela pic.twitter.com/3VD0oN2xFL— Elon Mito 🇧🇷 (@MitoElon) July 30, 2024
Опозицијата ги оспори изборните резултати и тврди дека Едмундо Гонзалес победил убедливо со 73 отсто од гласовите. Испитувањата на јавното мислење пред изборите покажаа чиста победа на Гонзалес, кој беше поддржан од речиси сите опозициски партии во обид да го собори Мадуро по 11 години на власт. Многу опозициски лидери се засолниле во аргентинската амбасада стравувајќи од апсење бидејќи РИА известува дека демонстрантите се обиделе да се пробијат до нив.
Мадуро рече дека опозицијата нема да може да создаде политичка криза во Венецуела.
– Ова се луѓето кои ќе владеат со Венецуела? Сакаат да дојдат на власт и да преземат функција? Да започне граѓанска војна? Кризите се за раст. Не можеа и нема да можат… Акти на насилство и фашизам нема да поминат – нагласи претседателот во обраќањето до граѓаните.
Владата на Венецуела доцна во понеделникот објави дека ги повлекува дипломатите од голем број земји од Латинска Америка кои не ги признаваат резултатите од претседателските избори и во исто време побара тие земји веднаш да ги повлечат своите претставници од Венецуела. Прв реагираше Перу, кој на венецуелските дипломати им даде рок од три дена да ја напуштат земјата.
Венецуела, исто така, привремено ќе ги прекине комерцијалните летови со Панама и Доминиканската Република како одговор на нивното наводно мешање во работите на земјата.
Актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, за потсетување, победи на претседателските избори одржани во неделата откако освои 51 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес освои 44 отсто.