Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска повтори дека САД нема да испратат војска во Украина, но нагласи дека Вашингтон има намера да игра активна улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Киев.
„Претседателот беше многу јасен. Нема да има војници на терен во Украина. Но ќе продолжиме да играме активна улога во обидот да обезбедиме Украинците да имаат безбедносни гаранции и доверба што им е потребна за да го запрат војната од нивна страна, а Русите да чувствуваат дека можат да ја доведат војната до крај од нивна страна“, изјави Венс во интервју за телевизијата NBC News.
Тој посочи дека руската страна покажала подготвеност да биде флексибилна во врска со некои од своите барања и дека, за првпат по три и пол години војна, направила сериозни отстапки, особено во однос на признавањето на украинскиот територијален интегритет по завршувањето на војната.