Свет

Венс: Се надевам дека мојата сопруга Уша ќе стане христијанка

Венс: Се надевам дека мојата сопруга Уша ќе стане христијанка

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, изјави дека се надева дека неговата сопруга, Уша Венс, која е хинду, еден ден ќе стане христијанка.

„Најчесто, во неделите, Уша оди во црква со мене. Како што ѝ кажав, и како што јавно кажав, така и сега ќе кажам пред 10.000 мои најблиски пријатели: Дали се надевам дека еден ден ќе ја допре истото што ме допре мене во црква? Да, искрено се надевам, бидејќи верувам во христијанското евангелие и се надевам дека еден ден мојата сопруга ќе го гледа тоа на ист начин. Но, ако не, Бог вели дека секој има слободна волја и тоа не е проблем за мене“, рече Венс синоќа на Универзитетот во Мисисипи, објави Newsweek.

Тој е на настан организиран во чест на американскиот патриот Чарли Кирк, коосновач на конзервативната студентска организација Turning Point USA, кој беше убиен на 10 септември додека зборуваше на Универзитетот во Јута.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни