Верешчук: Путин прави лична одмазда на луѓето од Мариупол
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека нападот на Мариупол е личен за рускиот претседател Владимир Путин – затоа што не успеал да го освои градот во 2014 година, во времето кога Русија го анектираше полуостровот Крим од Украина.
„Мислам дека Путин им прави лична одмазда на луѓето од Мариупол, по неговиот неуспех да го заземе градот во 2014 година“, вели таа.
Верешчук рече дека напорите да се стигне до југоисточниот град со хуманитарни резерви продолжуваат да пропаѓаат.
„Да сакаше Путин, хуманитарниот коридор во Мариупол веќе ќе беше отворен. Русите ги уништуваат болниците, театарот во кој беа сместени раселените луѓе, џамијата, црквите, ништо не ги спречува“, додава таа.
Се смета дека најмалку 300.000 луѓе сè уште се заробени во опколениот град без струја, храна или вода поради интензивното бомбардирање.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни