Грчката малопродажна група „ВЕРО Холдинг“ најави значително проширување на своите операции во Србија и Македонија, со отворање нови продавници, аквизиции на земјиште и големи инвестиции во логистички капацитети. Ова го соопшти претседателот на компанијата, Никос Веропулос, а веста ја пренесе „Блумберг“.
Во Србија, „ВЕРО“ планира да преземе објект од 4.000 квадратни метри на периферијата на Белград на почетокот на 2026 година. Дополнително, компанијата веќе се стекнала со 20.000 квадратни метри земјиште, на кое ќе изгради модерен логистички и дистрибутивен центар со површина од 12.000 квадратни метри.
„Развојот на компанијата ‚ВЕРО‘ во Србија се базира на принципот на доверба бидејќи на своите полици и фрижидери ги става брендовите што ексклузивно ги увезува, што ѝ дава конкурентска и комерцијална предност“, истакна Веропулос.
Тој додаде дека компанијата бележи раст од 6,5% на српскиот пазар, што го гледа како основа за понатамошна експанзија и зацврстување на своето присуство во регионот.
