Француската палата Версај е евакуирана од безбедносни причини и денеска ќе биде затворена, објавија на социјалната мрежа Х, пренесува Ројтерс.
ТВ BFM, повикувајќи се на полициски извори, соопшти дека на пат е екипа за бомби, пренесува Ројтерс.
Еден ден откако наставникот беше убиен во терористички напад, лажни закани за бомби предизвикаа евакуација на музејот Лувр, палатата Версај и железничката станица во Париз.
Да потсетиме, вчера имаше терористички напад во Брисел, кога загинаа две лица.