Македонија

Верушевски наместо 71.000, доби 42.000 евра отштета за случајот „Пуч“

Зоран Верушевски, поранешниот разузнувач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев доби отштета од околу 42.000 евра за случајот „Пуч“.

Верушевски бараше отштета од 71.000 евра поради 344 дена поминати во притвор, но доби помалку.

Верушевски доби притвор по објавувањето на бомбите, и беше обвинет за неовластени поседување на службениот пиштол, а потоа за велепредаство и шпиунажа.

Потоа беше ослободен, а обвинението за овој случај беше повлечено од Катица Јанева.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни