Силното невреме кое ја зафати Војводина, почнувајќи од Сомбор и Апатина, стигна и до Нови Сад, каде што предизвика хаос и огромни штети.
Ветерот срушил дури и два крана, а интервенирале пожарникарите кои спасиле жена од камион на кој паднало дрво.
Ветерот ги носеше покривите како да се од картон. На страницата 192 на Инстаграм се појави видео од новосадската населба Сајлово на кое се гледа како бурниот ветер го „однесе“ покривот од двокатна куќа и го фрла како да е од хартија.