Македонија

ВИДЕО 4 годишно дете спасено, нуркачи трагаат низ Вардар по уште четири лица кои биле во автомобилот кој излета кај Рашче

ВИДЕО 4 годишно дете спасено, нуркачи трагаат низ Вардар по уште четири лица кои биле во автомобилот кој излета кај Рашче

Четири годишно дете е спасено од автомобилот кој попладнево излета во реката Вардар кај село Рашче. Во автомобилот имало вкупно 5 лица, а по 4 се уште се трага во водите на реката Вардар.

Детето го пронашле случајни минувачи и итно го пренеле во болницата „8-ми септември“ од каде подоцна било префрлено на детска хирургија.

Од МВР информираат дека специјална единица тигар во овие моменти се обидува да го извади возилото.

„Состојбата на детето е стабилна направени се проценки, компјутерска томографија сите се уредни. Но поради начинот на кој настанале повредите, детето е задржано за опсервација“, вели д-р Лазо Јовчевски, директор на детска хирургија.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни