Авион слета на булевар во американскиот град Далас. Машината имала технички проблем и пилотот бил принуден да го користи патот како писта.
Тој скинал жици на електричните столбови, ги соборил сообраќајните знаци, но застанал без да удри ниту еден автомобил.
Двајцата патници во авионот не се повредени. Тие беа семејство кое долетало од градот Снајдер, на околу 400 километри од Далас.
Техничките проблеми настанале само неколку километри пред да стигнат до аеродромот на кој патувале. Како последица на инцидентот, булеварот остана затворен неколку часа.