Свет

ВИДЕО: Авион удрил во автомобил на автопат во САД

Викторија Робертс и нејзината седумгодишна внука возеле на автопат во Калифорнија, кога авионот принудно слетал и удрил во нивниот автомобил.

Имено, во вторникот, нешто попладне по локално време, помал авион мораше да направи итно слетување.

Викторија Робертс за „АБЦ 10 њуз“ изјави дека штотуку излегла на автопат откако била со внуката на часови по јавање, кога одеднаш почувствувала голем удар.

Робертс вели дека првично мислела дека ја удрил камион.

„Се свртев, погледнав и видов авион во кој недостасуваше десно крило. Потоа видов дека дел од авионот е на моето задно седиште“, рече таа.

Нејзината внука Еви сведочи дека, по силниот звук, баба ѝ ѝ рекла да ги затвори очите и устата и да излезе од автомобилот. Но, Еви не можела да излезе бидејќи вратата ѝ била заглавена. Опкружени со скршено стакло и горивото од авионот, Еви успеала да излезе искачувајќи се на воланот.

Кога пристигнала брзата помош, медицинските лица прво ѝ ја соблекле облеката полна гориво, па ги завиткале внуката и бабата во ќебиња.

Според официјалните лица, пилотот и неговиот патник полетале од полето Монтгомери кога авионот започнал да создава механички проблеми. Пилотот се обидел да слета на блиското поле, но не успеал. И пилотот и патникот не се повредени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни