Балкан

ВИДЕО: Бел коњ галопираше низ Белград, минувачите зачудени

ВИДЕО: Бел коњ галопираше низ Белград, минувачите зачудени

Необична глетка ги фати белграѓани во близина на хиподромот.

Бел коњ галопираше низ улиците, а ова видео брзо се прошири на социјалните мрежи.

Белиот коњ претрча преку мостот Ада, а потоа се упати кон Нов Белград. Се претпоставува дека побегнал од хиподромот, а за среќа не е повреден.

Сцената ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи, а некои дури и се пошегуваа.

„А принцот е изгубен?“, „Го нема Гандалф, истиот коњ“, „Трча на Белградскиот маратон“, „Дали е некој тренд на возење во спротивна насока“. и „Ќе добиете казна, обратно е“, се само дел од коментарите под видеото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни