Втор ден се трага по младиот Хрват кој за време на новогодишната ноќ бил во Белград до своите пријатели. Од тогаш му се губи секаква трага и глас на младото момче.
Ненад Периш (татко на исчезнатото момче) веќе ги контактирал службите вклучени во ова мистериозно исчезнување и се надева дека со синот ќе се врати во Сплит.
„ Кога другарот на Матеј ми го побара бројот на мобилниот телефон по новогодишната ноќ, веднаш знаев дека нешто не е во ред, особено кога ми кажа дека телефонот на Матеј е исклучен“ изјави таткото на исчезнатиот млад човек.
Сакајќи што побрзо да го пронајде својот исчезнат син, Ненад Периш на социјалната мрежа Фејсбук ја сподели веста за исчезнатиот син во која напиша „Помогни ми Ве молам“.
Како што изјави вчера за хрватските медиуми, добил бројни повици од српските служби, од хрватската амбасада и од неговите пријатели кои биле ангажирани во потрагата по исчезнатиот млад човек. Несреќниот татко наводно бил против неговиот син да оди во Белград на дочекот, но поради остатокот од друштвото на крајот му дозволил.