Свет

ВИДЕО: Бремена жена и нејзината мала ќерка се спасени од урнатините по 115 часа

ВИДЕО: Бремена жена и нејзината мала ќерка се спасени од урнатините по 115 часа

ПЕТ ДЕНА по првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Турција во раните утрински часови во понеделникот, приказните за чудесни спасувања од урнатините на зградите сè уште се слеваат.

Бремена жена и нејзината мала ќерка беа извлечени од урната зграда во турскиот град Газиантеп 115 часа по земјотресот.

Исто така, имаше извештаи за спасување на неколку луѓе во областите погодени од земјотресот во Турција по 110 часот – меѓу кои и еден тинејџер.

На видеото на германската организација за вонредни состојби, наводно, се гледа како девојчето е извлечено живо од урнатините во Кахраманмарас откако било заробено повеќе од 110 часа. Турската фондација за хуманитарна помош објави и видео на кое се гледа како маж е пренесен од урнатините во блиската амбуланта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни