Балкан

Уапсен е Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик на Информер ТВ

Уапсен е Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик на Информер ТВ

Српскиот медиумски сопственик и главен уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е приведен во Белград по наредба на Второто основно јавно обвинителство, објавија српските медиуми.

Според информациите што ги пренесува порталот „Нова“, постапката против Вучиќевиќ е поврзана со сомневања за предизвикување паника и неред во подолг временски период, како и за попречување на правдата.

Веста за неговото апсење во српскиот парламент ја соопшти и Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија и шеф на пратеничката група „Александар Вучиќ – Србија победува“.

„Сопственикот на Информер ТВ, Драган Ј. Вучиќевиќ, штотуку е уапсен“, изјави Вучиќ пред пратениците.

Информацијата предизвика реакции во собраниската сала. Пратениците од владејачкото мнозинство ја поздравија веста со аплауз, на што Вучиќ реагираше со револт.

Засега нема дополнителни информации за натамошниот тек на постапката против Вучиќевиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни