ВИДЕО Дали некогаш сте виделе побрз нокаут? Борец падна по две секунди

Џастин Вотсон, американски борец, за помалку од три секунди успеа да го нокаутира својот противник Кол Ферел во борба со голи раце.

Борбениот настан BKFC 69 се одржа во Атланта, а Вотсон ја заврши борбата со време од 2,90 секунди, иако се чини дека беше уште пократко.

Претходниот рекорд остана на три секунди, а сопственик е Улисес Дијаз кој го нокаутира Донелеј Бенедето.

Борбите со голи зглобови се одржуваат во пет рунди од по две минути, а борците можат само да ги завиткаат и да ги залепат зглобовите на прстите и деловите од рацете, додека ракавиците не се во употреба.