ВИДЕО Девојка плаче, пожарникар ја гушка, емотивна сцена од новогодишната ноќ

Пожарникарите дежураат на дното на кулата Авал и палат факели од сите страни. Има и едно девојче, кое плаче, додека пожарникарот ја прегрнува. А потоа се спушта на колена, ја држи за рака и почнуваат – овации, аплаузи и огномет!

Да, таа рече да, и плачеше од среќа и возбуда. Токму вака изгледаше предлогот на еден белградски пожарникар на полноќ на новогодишната ноќ.

Младиот пожарникар со помош на колегите и приредил на својата девојка незаборавна новогодишна забава, но и веридба, како што може да се види на видеото кое го објави страницата на Инстаграм moj_beo_grad_

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Во повеќето случаи, корисниците на социјалните мрежи емотивно реагираа на оваа објава, честитајќи им на младенците и посакувајќи им вечна љубов и среќа.

Но, имаше и такви кои сметаат дека ова е интимен чин и не треба на ваков начин да се дели со другите, а на некои дури им пречеше и огномет!