Свет

ВИДЕО Драма! Се запали и урна кран на зграда! Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот, во тек е евакуација

ВИДЕО Драма! Се запали и урна кран на зграда! Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот, во тек е евакуација

Голем кран на висока зграда се запали и делумно се урна во средата наутро во њујоршкиот Мидтаун , јавува ABC 7. Кранот се наоѓа на зграда во изградба на 10-та авенија и западната 41-ва улица.

Официјални лица велат дека 10-та авенија е затворена до понатамошно известување од безбедносни причини, откако врз неа се урна дел од кран. Официјални лица, исто така, изјавија дека блиските згради се евакуирани поради страв од натамошно уривање.

Пожарникарите од друга зграда над кранот се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни