ВИДЕО ДРАМА ВО ИСТАНБУЛ: „Боинг“ принудно се приземји, удри во пистата при слетување!

Товарниот авион на американската авиокомпанија „FedEx“ слета денеска на аеродромот во Истанбул без спуштено предното тркало поради непознат дефект, соопшти турското Министерство за транспорт.

Боингот 767 на FedEx Airlines пријавил во контролната кула дека пристигнува од Париз во Истанбул со дефект на опремата за слетување, пренесе турската агенција Анадолија.

Се вчитува...

Пилотот побарал дозвола за ризично слетување на трупот, што е успешно изведено со интервенција на Аеродромската спасувачка и противпожарна служба. Министерството соопшти дека во инцидентот нема повредени.

Пистата каде што слетал авионот е привремено затворена, но сообраќајот на останатите писти на овој аеродром продолжува без прекин.

Авионот се отстранува од пистата.