Свет

ВИДЕО Експлозија и пожар во голема рафинерија за нафта во Тексас

ВИДЕО Експлозија и пожар во голема рафинерија за нафта во Тексас

Експлозија и пожар избувнаа во голема рафинерија на нафтениот концерн „Валеро“ во градот Порт Артур во Тексас. Веднаш беше издадена наредба луѓето да се кријат и да не излегуваат. Компанијата го потврди инцидентот, пријавувајќи „пожар во една од единиците“. Целиот персонал е евакуиран. Во моментов нема пријавено повредени.

Видеата на социјалните мрежи покажаа огромни пламени јазици и столб од црн чад што се издига од рафинеријата. Луѓето што живеат во близина пријавија силен тресок што им ги потресе прозорците.

Рафинеријата Порт Артур, која се наоѓа околу 90 милји источно од Хјустон, е еден од главните центри за рафинирање на нафта во САД, преработувајќи околу 435.000 барели тешка сурова нафта дневно во бензин, дизел гориво и гориво за авиони.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни