Силна експлозија денеска се случи во германскиот град Леверкузен.
Според „Билд“, станува збор за експлозија во фабрика за преработка на отпад. Челниците веќе прогласиле тревога на ниво од „екстремна опасност“.
На жителите на градот им е наредено да ги затворат прозорците, на оние кои се надвор, да влезат во затворени простории, додека е затворен и главниот автопат кој минува низ овој град.
Во овој град се наоѓа една од најголемите фармацевтски фабрики „Баер“.