Свет

ВИДЕО: Експлозија во ресторан во Турција – загинаа 7 лица

ВИДЕО: Експлозија во ресторан во Турција – загинаа 7 лица

Седум лица загинаа во експлозија денеска во ресторан во градот Назили во округот Ајдан, западна Турција. Ова го објави Асошиетед прес.

Заменикот на Ајдан Хусеин Аксој изјави за CNN-Turk дека во експлозијата се повредени уште пет лица, од кои едното е во критична состојба.

Аксој исто така рече дека во своето прелиминарно сведочење, вработен во ресторанот пријавил дека имало истекување од плинска боца што довело до експлозија околу 15 часот и 35 минути.

Локалните медиуми објавија дека по експлозијата следел пожар во ресторанот. На видео снимката се гледаат противпожарни возила и амбулантни возила на местото на настанот.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг на Твитер објави дека е приведен осомничениот кој можеби ја предизвикал експлозијата. За истрагата се задолжени тројца обвинители.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни