Македонија

ВИДЕО: Големи протести за „Монструм“ – побарана оставка од Фетаи, фрлена и шок бомба!

Големи протести денеска во Скопје за случајот „Монструм“ кој што е во завршна фаза.

Протестот започна од паркот во Чаир, а демонстрантите завршија пред Министерството за надворешни работи каде имаше поставено полициски кордон.

На протестот беше побарата оставка од обвинителката Фатиме Фетаи, а беше нарекувана и со погрни зборови.

Протестот едно време и ескалираше, а се слушна и како пукна една шок бомба.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Следното судско рочиште за случајот „Монструм“ е закажано за 3 февруари, кога одбраната треба да изнесе завршни збоорови.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни