Балкан

ВИДЕО Грчките цариници штрајкуваат – создадени големи колони на граничните премини

ВИДЕО Грчките цариници штрајкуваат – создадени големи колони на граничните премини

Возачите кои денеска патуваат кон Грција се соочуваат со долги чекања и големи колони на граничните премини, поради штрајкот на грчките царински службеници.

Поради штрајкот, обработката на возилата се одвива забавено, што предизвика значителен метеж на премините, особено на Богородица – Евзони. Патниците сведочат за повеќечасовни чекања, а колоните од возила се протегаат на неколку километри.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да бидат трпеливи, да ја следат состојбата на граничните премини пред да тргнат на пат и, доколку имаат можност, да го одложат патувањето или да користат алтернативни гранични премини.

Се очекува застојот да трае сѐ додека не заврши штрајкот на грчките царински службеници, а на патниците им се препорачува да обезбедат доволно вода и да планираат подолго време за патување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни