Свет

ВИДЕО Хамас објави дека ослободи Израелка и нејзините две деца

<span style="color: red;">ВИДЕО</span> Хамас објави дека ослободи Израелка и нејзините две деца

Палестинската исламистичка група Хамас во средата доцна навечер објави дека ослободила тројца заложници : една жена и нејзините две деца. „Една израелска доселеничка и нејзините две деца, кои беа уапсени за време на судирите, се ослободени“, се вели во соопштението на вооруженото крило на Хамас.

Француската новинска агенција (AFP) нагласува дека израелската армија се уште не ја потврдила информацијата.

На видеото што го емитува палестинската ТВ мрежа Ал Акса, може да се видат жена и две деца кои се придружувани од тројца борци на Хамас во опкружена област (се чини дека е граничната ограда на Газа), во текот на денот .

Како што пишува „Тајмс оф Израел“, видеото не е ново, но очигледно е од саботата, во екот на нападот на Хамас врз јужните заедници, и има за цел да ги побие тврдењата дека групата држи жени и деца.