Свет

ВИДЕО ХАОС НА НЕБОТО: Женска тепачка меѓу седиштата, леташе крв, патниците викаа

ВИДЕО ХАОС НА НЕБОТО: Женска тепачка меѓу седиштата, леташе крв, патниците викаа

Драматична расправија и тепачка е снимена на летот на „Рајанер“, а еден патник останал со крвав нос.

Летот од Бристол до Тенерифе во понеделникот беше хаос, а патниците врескаа и паѓаа на подот. На видеото кое кружи на интернет се гледаат две жени како се тепаат меѓу седиштата, додека останатите патници викаат и врескаат.

– Пријател, таа и тој – стана и извика една од жените на кои и крвареше носот, покажувајќи кон преминот на авионот.

Нејасно е за што ги обвинила другите патници, но очигледно била многу вознемирена, објави „Јутарњи лист“.

– Не, види – рече таа покажувајќи го крвавиот нос.

– Не го направив тоа – тогаш се слуша непознат женски глас.

– Тој е. Затоа што го нарековте дебел кретен – извика раскрвавениот патник повторно покажувајќи кон ходникот на авионот.

– Каде ми е телефонот? Мојот телефон е на подот! – продолжи жената со крвавиот нос.

Снимањето престанува во тој момент. Компанијата Рајанер извести дека полицијата била повикана при слетувањето на шпанскиот остров.

– Екипажот на летот од Бристол до Тенерифе (27 ноември) однапред повикал полиција за помош кога патник почнал да го попречува летот. Авионот беше пречекан од локалната полиција по пристигнувањето на аеродромот во Тенерифе и проблематичниот патник беше отстранет. Ова сега е работа на локалната полиција – изјави портпаролот на „Рајанер“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни