Најмалку три лица загинаа, а 60 се повредени, од кои 16 потешко, откако регионален воз денеска излета од шините во јужна Германија, соопштија полицијата и локалните власти.
Портпаролот на полицијата, кој нема детали за тоа кој загинал, рече дека возот бил доста полн во моментот на несреќата , пренесе Ројтерс. Неколку вагони се превртеа и се лизнаа по насипот северно од ски-центарот Гармиш-Партенкирхен во Баварија , објави регионалниот весник „Минхен Меркур“.
Во возот имало голем број студенти , објавија локалните весници. Екипи на брза помош се на лице место, соопшти полицијата, а железничката пруга во моментов е целосно затворена.
На сликите на социјалните мрежи може да се видат вагоните на регионалниот воз на два ката заглавени меѓу гранките на дрвјата, како и луѓето кои носат носилки или стојат наоколу на шините.
Во возот имало голем број студенти , објавија локалните весници. Екипи на брза помош се на лице место, соопшти полицијата, а железничката пруга во моментов е целосно затворена.